„Ми се смени животот“ – Жерновски ги посети корисниците на „Центар се грижи за возрасните“

Од:

„Ми се смени животот, ова е тоа што ни требаше“, вака возрасните лица, корисници на бесплатните пакети за нега од проектот „Центар се грижи за возрасните“ го пречекаа градоначалникот Андреј Жерновски. Тој, заедно со својата екипа беше во посета на на овие лица, за да се увери преку директен контакт со граѓаните како се реализира проектот.

„Презадоволна сум. Услугата е одлична, зошто и другите општини на овој начин не им го олеснат и подобрат животот на нивните сограѓани? Како ќерки нѐ гледаат негователките”, рекоа корисниците на помошта.

Општина Центар особено се грижи за возрасните, бидејќи како што вели градоначалникот Жерновски, тие се наши родители, кои нѐ воспитаа и негуваа. Сега вели, на нас е редот да се грижиме за нив.

Градоначалникот вети и стручните лица ќе добијат апарати за мерење на крвен притисок и шеќер. Проектот ќе се реализира до крајот на годинава, но како што посочи Жерновски ќе продолжи и до година, а ќе се обезбедат повеќе средства и подобрени услуги. Од следната година, ќе ги посетува и лекар, а од денеска на барање на корисниците, редовно ќе доаѓа и физиотерапевт.

За 88 возрасни лица, жители на Центар, се грижат 15 професионални негуватели, кои ги поседуваат потребните сертификати. Активностите ги координира социјален работник, кој подготвува досие за секој корисник, детална анамнеза и план за работа.

Услугите кои ќе ги добиваат корисниците се:

– помош во извршување на секојдневните активности (пазарење, подготовка на храна, одржување на просторот, лична хигиена, кај изнемоштените стари лица ќе се врши и утринска и делумна тоалета)

– обезбедување на основна помош во мобилност, лесни масажи, физички вежби, раздвижување

– задачи од медицински аспект (носење на здравствени прегледи, набавка на лекови и водење на грижа за навремно земање на терапијата)

– психо-социјална поддршка (помош во исполнување на социјални, културни, забавни и други потреби, одржување на социјални контакти и соодветни активности во локалната заедница).

Општина Центар е прва општина која спроведува ваков проект, се вели во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски