„Ми се јавуваа пола амбасадори во Македонија дека кукаш ќе ти се рушела коалиција поради криминалот на твоите партнери од Чаир“

Од:

Проблемот со ѓубрето е апсолвирана тема, здружено со твоите кадри вие го креирате и континуирано правите хаос, кој бидејќи сте “способни” ќе го “решите” за 72 часа. Да заклучиме штом се средува за 72 часа ептен било лесно да се реши, не знам што чекавте до сега, многу пати те повикав во интерес на граѓаните да соработуваш, вели градоначалничката на Скопје во заминување Данела Арсовска во новото обраќање до премиерот Христијан Мицкоски.

– Нормално лесно ќе го решите проблемот кој вие го креирате, а можевте и до сега, знаеш колку пати 72 часа поминаа во овие 4 години.
Ајде да се вратиме на проблемот поради кој го правиш овој хаос со “ѓубрето”, затоа што ми досади од твоите нарачки и напади со маслинка медиумите и ботовите, пишува Арсовска.

Таа вели дека имала интервенции од амбасадори затоа што Мицкоски се жалел дека нејзините објави за Чаир „ќе му ја урнеле коалцијата“.

– Со месеци заедно со твоето дипломатче чудо од дете плачевте по целиот дипломатски кор, дека си имал проблем со коалицискиот партнер за локални избори поради Чаир. Демек јас жена сама многу проблеми ви правам. Еве бевте два месеци раат од мене за да не ми се јавуваат пола амбасадори во Македонија дека кукаш ќе ти се рушела коалиција поради криминалот на твоите партнери од Чаир. Сега кога коалицискиот ти победи во Чаир, ај да почнеш да бидеш и ти лидер ко Еди Рама и да срушиш сѐ што не е безбедно за скопјани. Или на овој Изет уште не смееш да му писнеш? Ајде ајде, финансова полиција и МВР по твоја нарачка експресно упаѓаат по институции два дена откако ќе пријави твој партиски другар. Значи се можело. А јас повеќе од шест месеци пријавувам и чекам во Чаир со тебе и твоиве институции заедно да одиме да ти го покажам лично криминалот, се вели во објавата на Арсовска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Владата согласно закон ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни

Арсовска го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави долговите и тие што не оделе на работа, ВМРО-ДПМНЕ и одговори дека „правдата е блиску“

Катерина Ѓуровски

Реконструкција на Владата по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ нема да добие плус министер

Ако направиме уставни измени ќе добиеме „петка“, не е точно дека сме зад Албанија, Мицкоски за извештајот на ЕК