Метнар: Ја поддржуваме ЕУ-интеграцијата на С. Македонија, не ги споделуваме идеите за историската позиција на Бугарија

Од:

Чешката Република ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија. Не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ, изјави денеска министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар на заедничка прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Чешката Република го поддржува влезот на Северна Македонија во ЕУ, би сакале овој процес да се одвива со побрзо темпо. Со оглед на историските последици понудив помош во комуникација и доколку има интерес би можеле да и помогнеме на Северна Македонија со наши искуства. Што се однесува на историските аспекти, Чешка исто така имаше проблеми со тоа. Ние ја поддржуваме Северна Македонија, не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ. Затоа што членството во евроатлантските структури ќе обезбеди поширока безбедност на целиот регион, рече Метнар на новинарско прашање за можното одвојување на Северна Македонија и Албанија во процесот на ЕУ интеграцијата.

Министерката за одбрана Шекеринска пак истакна дека отсуството на политичка влада со целосен капацитет во Бугарија е фактор, кој ќе влијае на процесите, но вели тоа не треба да влијае на нашиот ангажман за постигнување на целта.

– Ниту Европа, нуту регионот, ниту ние не можеме да чекаме сите избори да поминат. Ние мора да ја работиме нашата задача. Посетата на премиерот и владиниот тим, сите средби кои што ги правиме е да покажеме уште еднаш и да акцентираме дека тоа што требаше да се сработи од наша страна е сработено, дека покажавме огромен капацитет да дискутираме со нашите соседи и да наоѓаме решенија кои се посакувани од двете страни и се можни. Никој не може да се сомнева во нашата намера да создаваме добри меѓусоседски односи и ние тие аргументи ќе ги повторуваме секој ден и во секоја прилика. И се надеваме дека и Бугарија ќе биде подготвена час поскоро да се најде решение и да тргнеме напред, вели Шекеринска.

Овој регион ако ги чека да се завршат сите избори постојано ќе биде во статус кво кое што видовме колку чини во претходните 15 години.

-Ние имаме политички капацитет дека тој статус кво го ставиме под знак прашање и покажавме дека сме спремни за чекори кои што не доснесоа и до членство во НАТО. Затоа нашите аргументи ги споделуваме со нашите НАТО-сојузници зато што сметаме дека треба да се чујат, вели министерката за одбрана Шекеринска и се заблагодари за чешката поддршка на состаноците во ЕУ.
Чешка и Словачка, кон крајот на минатата година ги блокираа заклучоците на Советот на ЕУ во однос на проширувањето на Западен Балкан, поради несогласувањето со текстот во нацртот кој се однесуваше на Северна Македонија со референцата за „погрешно толкување на историјата“ и долгата форма на името на земјава, што беше побарано од Бугарија.

-Нема да дозволиме ЕУ да ни биде судија за заедничката историја, порачаа тогаш во заедничка изјава Словачка и Чешка. Двете земји сметаа дека текстот содржел елементи, како и перцепција за фалсификување на историјата, што би било штетно на процесот на проширување и потенцијално може да донесе дополнителни компликации на патот.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска