Метеж во Куманово: Долги редици пред банките и маркетите

Од:

Метеж во сообраќајот, долги редици пред банките, маркетите и аптеките, оваа е сликата во Куманово веќе втор ден, по полицискиот час викендов.

Откако во градот беше воведена забрана за движење до 16 часот, граѓаните во претпалдневните часови, масовно излегуваат и пазарат.

На сликите може да се забележи дека најголемиот дел се повозрасни лица кои дури се туркаат еден до друг и не го држат пропишаното растојание, како превентивна мерка за заштита од коронавирусот. Пред некои од експозитурите на банките во ред од утрово се чекало и до два часа.

Пред банките, има и полициски службеници кои ги опоменуваат граѓаните да го запазат редот и растојанието.

Во изминатите два дена, се повторува сликата во градот како онаа пред воведувањето на полицискиот час за викендот, панично се пазари во маркетите и аптеките, а во маалските продавници со пладне снемува леб и млеко.

Трговците во некои од малите продавници, дури одвреме навреме ги заклучуваат вратите во неможност да се справат со масата луѓе кои упорно сакаат да влезат и да пазарат.

Би можело да ве интересира

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски