Метеж пред училиштата, почна учебната година со физичко присуство

Од:

Со преполни дворови на училиштата утрово почна школската година со физичко присуство. Учениците измешани со наставници и родители пред речиси секое училиште чекаа ред за влез во училишните згради.

„Внатре во училиштето веројатно има ред. Учениците влегуваат ден по еден, но надвор е невозможно да се одржи дистанца ниту пак да се воведе некаков ред“, вели родител на ученик од основното училиште „Димитар Миладинов“ во Скопје.

Учениците влегуваат од различни влезови во училиштето и за сите има одредено посебни термини за влез за да не се создава метеж, согласно препораките од Комисијата за заразни болести.

Одлуката учебната година да почне со физичко присуство ја донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести која, пак, оцени дека нема трансмисија на вирусот во училиштата врз основа на искуствата од минатите години, нема, а не се преоптоварени ниту болниците со исклучок на Тетово, Гостивар и Кичево каде што учебната година за средношколците ќе почне онлајн, токму поради преполните болници.

Министерката за образование Мила Царовска неколкупати изјави дека и покрај тоа што школската година почнува со физичко присуство на учениците во училиштата, тие се подготвен директно да ги префрлат на хибриден модел односно комбинирано физичко присуство со онлајн настава или пак целосно на онлајн настава доколку за тоа добијат препорака од Комисијата за заразни болести. Таа рече дека се надева дека учениците што е можно подолго ќе се задржат во училишните клупи.

И министерот за здравство Венко Филипче веќе изјави дека настава со физичко присуство е најдобриот избор за учениците оти онлајн наставата била на нивна штета. Најави дека здравствените власти со внимание ја следат состојбата и доколку има потреба, доколку дојде до преполнување на болниците ќе носат нови одлуки за оние населени места во кои има потреба.

Би можело да ве интересира

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов