Метеж на ГП „Табановце“ – за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Од:

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по суви коловози. Како што информира Автомото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

-Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Автомото сојузот препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово Велес, Маврово Дебар Струга, Виница Берово и Кочани Делчево, наведува АМСМ.

Би можело да ве интересира

На „Дојран“ и „Табановце“ чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Горан Наумовски

На граничните премини Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути

Гужва на „Табановце“, се чека околу 30 минути

На „Табановце“ се чека половина час за излез од Македонија

А1он