Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Од:

Градежен работник од Велес починал вчера, откако врз него паднал метален профил. Како што информира МВР, станува збор за Е.А. (23), а несреќата се случила во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на фабрика.

Според МВР, Е.А. од здобиените повреди починал на самото место.

Случајот бил пријавен вчера во 15:00 часот, во СВР Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка