Мета: Стабилноста на Македонија е значајна за Албанија

Од:

Претседателот на албанскиот Парламент и лидер на Движењето за социјалистика интеграција Илир Мета по средбата со претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјавил дека стабилноста на Македонија е многу значајна за Албанија.

– Можам да кажам дека единствената поддршка што можеме да ја дадеме е за еден стабилизирачки, демократски и европски процес. Треба да ја зголемите соработката на албанскиот фактор во рамки на една европска Македонија, изјавил Мета.

Ахмети, кој попладнево допатува во Тирана, ќе има средби и со премиерот Еди Рама и со шефот на државата Бујар Нишани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски