Мета на Столтенберг: Приемот на РС Македонија во НАТО вистинска одлука во потребно време

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека неговата земја со ентузијазам го очекува скорешното членство во Северноатлантската Алијанса на Република Северна Македонија, јави дописничката на МИА.

– Ова е вистинска одлука во потребно време, која го наградува решавањето на билатералните недоразбирања благодарение на конструктивниот ангажман на највисоките лидери на Северна Македонија и Грција, како и благодарение на незаменливата соработка меѓу САД и ЕУ, изјави Мета, соопшти неговиот кабинет.

Тој ја нагласил извонредната и од витално значење улога на Албанците од Северна Македонија во поддржувањето на оваа стратешка цел.

Според него, проширувањето и присуството на НАТО во регионов се клучни за консолидирање на безбедноста, мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Присуството на НАТО во Косово, во тесна соработка со институциите на Косово и ЕУ, оценил Мета, придонесува за побезбедна средина и во исто време е од суштинско значење за територијалниот интегритет на Косово и стабилноста во регионот,а ја искажал и поддршката на неговата земја за „легитимното и суверено право на Косово за постепена трансформација на Безбедносните сили во армија на Косово и негова целосна интеграција во НАТО“.

– Европската и евроатлантската интеграција е единствената сигурна гаранција за консолидација на мирот, безбедноста и благосостојбата во регионот, засновани на заеднички вредности. Напредокот во овие организации е вреден за секоја жртва и напорна работа, оценил претседателот Мета.

Тој ветил дека ќе продолжи да го поддржува и охрабрува зголемувањето на буџетот за одбрана на два отсто до 2024 година, а ја поздравил и инвестицијата на НАТО во воздухопловната база во Кучово, која ќе стане прва ваква база на НАТО на Балканот, како безбедносно средство за земјата, регионот и Алијансата.

Би можело да ве интересира

Москва тврди дека НАТО подготвува блокада на Калининград, американскиот генерал: „Би уништиле сè за неколку часа“

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

Кнајсл: Австрија секојдневно ја нарушува својата неутралност со соработката со НАТО

Руте: Путин ја губи војната, сега е време за притисок

А1он

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Тревога во Литванија: Руски авиони влегоа во воздушниот простор, беа пресретнати од борбени авиони на НАТО