МЕСО го осуди прекинот на штрајкот во образованието

Од:

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) најостро ја осудува објавата за прекин на штрајкот во образованието, која раководството на СОНК ја донело, како што велат, без консултација со сопственото членство и без да биде усвоено ниту едно од барањата со кои го отпочна штрајкот.

„Сето она што е договорено во Спогодбата со Министерството за образование е премногу неодредено за да може да биде оквалификувано дури и како најмал позитивен исчекор од гледна точка на вработените во образованието. Потенцираме дека потпишаната Спогодба, покрај тоа што не поседува никаква конкретна придобивка за вработените во образованието, не содржи одредби дека е постигнат договор да им се исплати плата на вработените кои штрајкуваа, а исто така не содржи одредби за укинување на крајно штетните одредби за штрајк во основното и средното образование, кои Владата ги воведе во септември 2014 година.

Она што особено фрапира е што одлуката за прекин на штрајкот е донесена во пресрет на закажаните протести во повеќе градови во Македонија, кои можеа да се искористат за да се изврши поголем притисок Министерството да ги исполни работничките барања. Сето тоа ја покажува големата некомпетентност и синдикалниот дилетантизам на сегашното раководство на СОНК.

Штрајкот во образованието имаше голема поддршка како од вработените, така и од учениците и од пошироката јавност. Наместо да ја искористи оваа поширока поддршка, раководството на СОНК дополнително ја наруши сликата за синдикатите во Македонија. И прашуваме: со какво лице раководството на СОНК ќе излезе пред наставниците кои штрајкуваа? Како ќе им објасни дека повеќе од десет дена ги изложи на притисоци и опасност од губење на работното место, на трошење на огромна ментална и физичка енергија за да ги одбранат своите права од работен однос?

Ги повикуваме членовите на СОНК добро да размислат на кој синдикат му ја даваат својата доверба и кому му даваат право да води социјален дијалог и да потпишува колективни договори. Мултиетничкиот синдикат на образование е подготвен да ги прифати незадоволните членови на СОНК за заедно да се бориме за одбрана на правата и достоинството на вработените во образованието.“, стои во соопштението на МЕСО.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати