Месната канцеларија во Бунарџик стана штаб на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

До редакцијата на А1он стигна писмо кое е реакција поради узурпацијата на канцеларијата на месната заедница во Бунарџик. Еве што стои во писмото:

„Ви пишувам да ве инфорам за демократската состојба што настана во с.Бунарџик во периодов пред „локалните избори” и се разбира, ваква состојба за првпат по 22 години од независна Македонија се бележи!

– Имено во центарот на населеното место постои културен дом што содржи три простории, мала просторија, сала (поголема просторија) и канцеларија на месната заедница! Од пред 1 – 2 недели, просторијата што порано се употребуваше како канцеларија на месната заедница се узурпира од страна на ВМРО-ДПМНЕ и сега стана во едно и ШТАБ на ВМРО ДПМНЕ и Канцеларија на месниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

bunardzik1

– 22 години од независна Македонија на сите ни е јасно дека во една нормална и демократска земја општествениот имот не СМЕЕ да се користи за политички цели, но, во оваа година и пред распишаните локални избори навистина државава и поимот за фер плеј при избори се има сменето! Инаку, претседателот на месната заедница, што ги има дадено клучевите од домот на културата е изгорен ВМР-овец кој без размислување сигурно се согласил да се отвори МК на ДПМНЕ во просториите на домот на културата.

– Просториите на домот на културата досега биле користени за собири и средби (и на политички партии), но сега за прв пат се случува просториите на домот на културата да се отстапуваат за месни комитети“, пишува во писмото.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер