А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Месиќ: Заслуживте што поскорo интеграции во НАТО и ЕУ

by А1он27/02/2019 - 09:35322
Share0

Интерес на Хрватска е што поскоро да го ратификува Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО, изјави за МИА поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ, кој во Скопје учествуваше на панел дискусијата на тема „Лидерство засновано на вредности – од принципи до реализација“, по повод 15-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Верувам дека Хрватска тоа ќе го стори, бидејќи наш интерес е што поскоро да се оствари желбата на Македонија да влезе во Атланскиот пакт. Но уште повеќе да влезе во ЕУ, затоа што тоа е само прв чекор за евроатлантските интеграции. Македонија заслужи, со сето она што го направи изминатата година и половина, нејзиниот пат во евроатланстките интегрции што поскоро да се оствари, бидејќи обединета Европа е наша цел, но тоа е и нашата желба, како и желба на цела Европа. Да ја заборавиме за момент Велика Британија, но само обединета Европа може да биде голем играч во модерниот свет на големи играчи како што се САД, Русија, Кина, Бразил, Индија, вели Месиќ запрашан кога хрватскиот Сабор ќе го ратификува протоколот за НАТО.

Тој потенцира дека спогодбата за добрососедство со Бугарија е историски исчекор за трајна нормализација на односите меѓу двете земји, а за Преспанскиот договор оцени дека претставува можеби најважен билатерален договор потпишан во Европа по Втората светска војна.

Запрашан дали дебатата која постои во ЕУ „прво реформа, па проширување“ може да го попречи давањето зелено светло за старт на преговорите на нашата земја со Унијата, Месиќ е дециден дека проширувањето би требало да се забрза.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Јас би сакал да се забрза приемот на целиот југоисток на Европа во ЕУ, бидејќи и Македонија и другите земји кои се уште не влегле во Унијата се уморни од чекање. Европа, пак, е уморна од тоа обединување, а се решаваме на тој начин што се забрзува тоа обединување, посочува Месиќ.

Коментирајќи ги заканите на лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис дека ќе го блокираат членството на нашата земја во ЕУ доколку дојдат на власт на следните избори предвидени за октомври, годинава, Месиќ со став дека во интерес на Грција е нашиот прием во Унијата.

-Не би сакал многу да коментирам такви изјави, но сметам дека и на Грција и одговара Северна Македонија да влезе што поскоро во ЕУ, бидејќи ако сите ги отвориме своите граници многу брзо ќе дојде до остварување на многу повеќе цели. Пред се, дефинитивно ќе се изгубат мотивите за војна, бидејќи историјата на Европа покажува дека секогаш имало некои кои под изговорот дека ги штитат своите малцинства, освојувале туѓи територии. Кога сите ќе влеземе во ЕУ, веќе нема да постои тој мотив да се освојуваат туѓи територии, да се брани своето национално малцинство, затоа што секој народ во обединета Европа ќе живее во својот целокупен културен корпус. Според тоа, нема причина за присвојување на туѓи територии, туку сите причини се за европското обединување, порачува поранешниот претседател на Хрватска Стјепан Месиќ.

eunatoseverna makedonijastipe mesik

Би можело да ве интересира

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум

Горан Наумовски27/07/2026 - 19:21

Приправничка во НАТО уапсена во Белгија поради шпионажа, се сомневаат дека работела за „трета земја“

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 00:5126/07/2026 - 09:02

Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Горан Наумовски22/07/2026 - 14:4322/07/2026 - 15:41

Европа останува без пари за Киев

Горан Наумовски19/07/2026 - 19:27

ЕУ: Приватниот капитал е клучен извор на сила и предност во однос на Русија

Горан Наумовски19/07/2026 - 18:12

НАТО можеби нема да може да го исполни ветувањето од 140 милијарди евра за Украина

Горан Наумовски19/07/2026 - 18:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео