Мешовити патроли од полицајци, општинари и родители ќе спречуваат девијации во Карпош

Од:

Општина Карпош започнува со акцијата за организирање на мешовити патроли во сите населби, кои ќе ги посетуваат пофреквентните места (детски игралишта, маалски паркови, спортски терени, платоа и училишни дворови) и ќе мапирааат различни облици на насилно однесување по населбите.

Во овие патроли, кои од утре (22.09), ќе се организираат двапати во неделата, ќе учествуваат претставници од Општина Карпош, СВР Скопје, Полициска станица – Карпош и претставници од родителските совети при основните училишта.

Основната цел е да се пресретне деструктивното однесување на некои посетитители, причините зошто свесно се уништува урбаната опрема, реквизитите и да се спречат овие девијантни појави во заедницата.

Мешовитите патроли беа договорени како теренска активност на последната седница на Локалниот совет за превенција. Службите на локалната самоуправа досега, честопати констатираат свесно уништување на јавните добра, а со овие мешовити патроли ќе се делува на превенција и едукација на граѓаните кои ги посетуваат и користат јавните површини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Левица: Почнува изградбата на спорната 17-катница во непосредна близина на болницата „8 септември“

Катерина Ѓуровски

„Пуцко Петрол ќе гради згради високи 108 метри, Општина Карпош намерно ја залажува јавноста со видеа“, обвинуваат граѓанските организации

Орце Костов

(ВИДЕО) Кули од 35 и 25 ката на земјиште на Алумина што го купи „Пуцко Петрол“

Орце Костов

Салмонела нема ниту во храната, изворот на заразата во училиштата во Карпош дополнително ќе се утврдува