Мешани воено-полициски тимови ќе прават контроли за полицискиот час

Од:

Армијата ќе ја преземе контролата на границите, односно војската ќе го контролира зелениот појас, за дел од полицијата да биде отповикана и ставена на располагање внатре во државата, онаму каде има недостаток од кадар. Минситерката за одбрана, Радмила Шекеринска посочи дека Армијата ќе спроведува и проверка на влезови и излези од населени места, каде ќе бидат поставени мобилни пунктови.

„Наша задача ќе со мобилни екипи од полиција и Армија да се спроведуваат проверки на влезови и излези од населени места, како и да бидат распоредени на мобилни пунктови и контролни точки. Задача во овој период е и да обезбеди физичко обезбедување на витални објекти кои досега беа обезбедувани од МВР. Тоа значи дека Армијата ќе го преземе обезбедувањето на објекти како Собранието, Владата и други важни локации, како на пример, затворите. Не треба никој да се грижи дали на примиер, затворите се под контрола или не се. Армијата нема да биде затворска полиција, но она што порано го вршела полицијата со надворешно обезбедување, сега ќе го прави Армијата“, рече министерката Шекеринска.

Таа посочи дека границите се контролираат и дека ќе се спречи нелегалниот влез и излез од државата преку контролите на Армијата.

„Целосно ќе ја преземеме контролата на граничната линија, што пак не значи дека војниците ќе ги контролираат границите, бидејќи тоа ќе продолжи да го прави полицијата, меѓутоа, т.н. зелена линија ќе биде под надзор од Армијата за да се спречат нелегални влезови и излези од нашата граница. Со ова ќе овозможиме дел од полициските сили да бидат повлечени од границите без никаква опасност по нашата држава и да се сконцентрираат на други задачи“, додаде Шеќеринска.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски