Мерко и Нуредини ја игнорираат струшката депонија, чудовиште големо колку четири фудбалски терени

Од:

Денешното рочиште од судскиот процес за струшката депонија се одржа на терен со увид на лице место за вештачење и утврдување на фактите за штетноста од депонијата.

На парцелата на која лежи депонијата, која според адвокатот Глигорие Ќатоски, се наоѓа на само 500 метри од првите куќи во градот, 600 метри од сливот на реката Црн Дрим и 1.200 метри од крајбрежјето на Охридското Езеро, се депонираат над 40.000 тони секаков отпад годишно.

– Ова чудовиште, кое се наоѓа во непосредна близина на Струга, треба да биде дислоцирано. Поенатата на денешното рочиште за увид на лице место е да ги увериме судот, јавноста и странките во постапката во големината и потенцијалната штета од депонијата. Тука се натрупани илјадници тони секаков отпад, животински, медицински…што дополнително ја потврдува штетноста на оваа депонија, изјави Ќатоски.

Според него, неприсуството на министерот за животна средина и градоначалникот на Општина Струга на денешното судско рочиште, ја покажува несериозноста за решавање на проблемот.

– Депонијата зафаќа површина од околу четири фудбалски игралишта, со длабочина од околу 10 метри под земја и висина од 20 метри над земја. Тоа се наши мерења пред неколку години сега е многу повеќе. Се наоѓа во плодното струшко поле, каде се произведуваат земјоделски продукти, кои ние ги јадеме, вели Ќатоски, потсетувајќи на транспортната станица, која општината ја изгради пред неколку години, но никогаш не профункционира.

Претставникот од Македонското здружение на млади правници, Бојан Трпески, кое ги тужи Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Струга и Јавното комунално претпријатие поради непреземање мерки за справување со дивата депонија, посочи дека целта им е да воспостави системска промена, која ќе води до ефикасно управување со отпадот во државата. Бараат дислокација, деконтаминација и рекултивирање на просторот на кој се наоѓа депонијата.

– Од вештачењето, кое е направено во рамки на предметот се покажа дека отпадот кој се одлага на оваа депонија претставува опасност не само за езерото и за граѓаните, туку генерално за целиот еко систем во околината. Тоа е утврдено во вештиот наод. Очекуваме судот и со денешниот увид да ги утврди сите факти кон донесување пресуда која ефикасно ќе овозможи решавање на овој проблем. Целта ни е и со овој случај ефикасно управување со отпадот во цела држава, рече Трпески.

Одбраната пак, како што вели адвокатот Драган Коровешоски, смета дека проблемот треба да го реши Владата со изградба на регионална депонија, која ќе го рециклира отпадот.

– И Струга е дел од таа регионалнализација, заедно со Охрид, Кичево и Дебар да формира заеднички центар. Тоа е работа што треба Владата да ја заврши. Ние ги анкетиравме граѓаните на Општина Струга и во ниеден случај не прифатија да се направи депонија согласно најмодерните стандарди, фабрика за рециклирање која до 100 отсто би го рециклирала отпадот. Дислоцирање на оваа депонија беше дел од програмата на градоначалникот пред изборите. Тој тоа се труди да го реши, нагласи Коровешоски.

Според него, треба да се почека изградбата на регионалните депонии, бидејќи, како што рече, ако ја преместиме на друго место депонијата, без да се направи центар за обработка на отпадните материи секаде на некој ќе му пречи.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски