А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мерки за превенција од пожари во Охрид

by А1он30/06/2016 - 15:10174
Share0

Зајакнати мерки и координирано превентивно делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари и навремено локализирање на пожарот се дел од заклучоците од денешниот состанок на претставници од СВР Охрид, Територијалната против-пожарна единица, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонски Шуми“ и останатите релевантни институции.

Добивај вести на вибер

– Во пресрет на главната туристичка сезона и очекуваните високи температури, СВР Охрид изготви конкретни оперативни планови за зајакнати мерки од превентивен, но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока, СВР-Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Релевантните инстицуции, посочи тој, ќе ја следат состојбата на подрачјето во врска со пожарите и ќе преземаат мерки за заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите субјекти за координирано и навремено локализирање.

– Полициските службеници заедно со шумската полиција ќе имаат превентивни патроли на отворен простор со цел елиминирање на опасноста од предизвикување пожар и примена на мерките. Ќе се врши надзор во претпријатијата што стопанисуваат со шуми, пасишта и на одговорните лица ќе им се укаже за потребата од зајакната контрола на терен за заштита од пожари и примена на законската регулатива, додаде Димоски.

Според него, предвидена е интензивна соработка со институциите и на регионално ниво за размена на информации во врска со настанати пожари, организирање дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства со цел преземање на заеднички натамошни мерки.

– Ќе се реализираат проекти и кампањи во кои ќе се опфатат мерки за превенција и заштита од пожари со дистрибуција на пропаганден материјал и флаери за едукација, јакнење на свеста за заштита од пожари и информирање на населението. Редовно преку канцеларијата за односи со јавноста ќе одржува контакти со медиумите и до граѓаните ќе се доставуваат информации, ќе се укажува на опасностите од пожар, како и на превентивните мерки кои треба да се превземаат со цел спречување и справување со настанат пожар, информира Димоски.

СВР Охрид најави дека ќе работи на оперативен план за пронаоѓање на причините и предизвикувачите на случен пожар, со цел документирање и преземање на соодветни законски мерки.

ohrid

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:27

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен