А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мерки на општина Центар за поздрава животна средина и почист воздух

by А1он15/12/2017 - 15:31139
Share0

Во изминтатите 50 дена од стапувањето на Саша Богдановиќ на функцијата градоначалник на општина Центар и новото општинско раководство, преземени се низа мерки за почиста животна средина.

Добивај вести на вибер

Спроведена е голема акција за чистење на општина Центар во соработка со Град Скопје и отворен е кол центар на кој граѓаните пријавуваат отворени и опасни огнови.

Инспекциските служби на општина Центар и на Град Скопје се во засилена контрола за да се спречат сите можности за загадување и горење на гуми, отпад и останати загадувачи.

Општина Центар оваа година нема да субвенционира дрва за бадникарските огнови поради загадувањето, а средствата ќе бидат пренаменети за нови зелени површини и подобрување на условите за живот на општината.

Бидејќи начинот на греење е еден од можностите за загадување на воздухот, веќе е изработен проект и влезено е во годишниот план за работа, приклучување кон топлотната мрежа на Маџир Маало.

Во дел од градинките веќе се поставуваат прочистувачи на воздух, а истото ќе се направи и во сите основни општински училишта. И годинава, општина Центар и ЈП “ПОЦ“ ќе отворат Центар за згрижување на бездомниците. Се разгледуваат и варијантите за нови паркинг цени за стимулација на граѓаните да го користат повеќе јавниот превоз или да одат пеш.

Една од основните заложби на градоначалникот Богдановиќ и на општината е зазеленување на сите слободни површини, отворање на нови паркови и садење на нови садници.

Во наредниот период веќе се предвидени и нови мерки, како што е нов сообраќаен режим, ослободување на тротоарите, продолжува акцијата за субвенционирање на велосипеди и се предвидуваат нови велосипедски патеки и нови кровови, со нови зелени фасади.

Општината договара со Град Скопје и со централната власт да се започне со гасификација. Сето ова ќе придонесе за зголемување на квалитетот на воздухот и на квалитетот на живеење и заштита на животната средина.

centar

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Горан Наумовски30/10/2025 - 15:58

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ29/10/2025 - 18:1829/10/2025 - 18:19

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски28/10/2025 - 12:0428/10/2025 - 13:42

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:1028/10/2025 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен