А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мерката за патување во Грција е привремена за празничниот период, задолжителниот ПЦР тест треба да не е постар од 72 часа

by А1он16/12/2021 - 13:5516/12/2021 - 14:57246
Share0

Одлуката за воведување задолжителен ПЦР тест за патување во Грција од сите земји и за сите патници без разлика дали се вакцинирани или не е вонредна и привремена мерка за празничниот период со цел да се спречи и контролира ширењето на омикрон сојот на Ковид-19 околу празниците, објасни денеска портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, појаснувајќи дека тестотот треба да биде направен 72 часа пред патувањето.

Следете a1on на Instagram Instagram

Мерката, како што вчера објави МИА стапува во сила в недела на 19 декември во 6 часот наутро, а иако од Министерството за здравство на Грција беше соопштено дека тестот треба да биде 48 часа сепак, направена е промена и задолжителен е 72 часа пред патувањето.

Со оглед на тоа дека мерката се однесува на сите земји, важи и за туристите од Северна Македонија.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, Иконому истакна дека „оние кои ќе доаѓаат во земјата од странство на било кој начин, или авионски или со возила преку копнените граници, дури и да се вакцинирани ќе треба да имаат ПЦР тест не постар од 72 часа“.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Тоа е вонредна мерка за празничниот период, со апсолутно конкретна филозофија. Колку што можеме повеќе да контролираме и да забавиме поголемо ширење на омикрон сојот, со цел да добиеме време за зголемување на имунизациската покриеност со бустер дозата. Со оглед на тоа што овој период ќе има раздвиженост или од наши сограѓани кои ќе се вратат во земјата за празниците или граѓани кои ќе одат во странство и ќе се вратат, неопходна е мерка што, како што знаете, ја спроведуваат и останатите европски земји, а карактерот ќе биде привремен. Во однос на временскиот период не би сакал од сега да се обврзам со точниот датум на траење, но генерално е за овој период околу празниците, рече Иконому одговарајќи на прашањето на МИА.

Исклучок постои за оние патници кои во земјите од кои доаѓаат престојувале помалку од 48 часа.

Детали околу конкретната мерка, како што е пракса во Грција ќе има во министерската одлука што дополнитлно ќе биде објавен во Службен весник.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео