Мерката домашен притвор кај еден од „тепачите“ во М-Нав сменета во затворски

Од:

Откако на сите учесници од инцидентот во М-НАВ им беше определен домашен притвор стигна известување дека кај еден од учесниците таа мерка се заменува со затворски притвор.

Како што известуваат од Основниот кривичен суд: “ Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, донесе решние со кое:

Жалбата на Јавниот обвинител се уважува и на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Против ова решение не е дозволено право на жалба“, информираат од Основниот кривичен суд.

Би можело да ве интересира

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Горан Наумовски

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Тасевски: Синдикатот на контролорите на летање има право и овластување да организира штрајк

Забраната за штрајк е законска, лидерот на синдикатот се одмазудва, вели адвокатот на М-НАВ

Контролорите на летање нема да штрајкуваат, ќе се жалат на времената мерка од судот

Судот им забрани на контролорите на летање да штрајкуваат

Катерина Ѓуровски