МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни при ракување со опремата за наводнување во близина на далекуводи

Од:

МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и за жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со додатната земјоделска опрема во близина на далеководи од преносната мрежа.

– Не поминувајте со земјоделската механизација под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација. Не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далноводните траси. Не ги кревајте во височина (вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија и се изложувате на огромен ризик, наведуваат од МЕПСО.

Додаваат да не ги поставуваат прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лица кои се наоѓаат под трасата на далеководот.

– Не палете стрништа во близина на далековод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем, велат од МЕПСО.

Апелираат и до спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далеководи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далеководите, под јажињата за пренос на електрична енергија.

– Не загрозувајте го сопствениот живот и животите на тие што се наоѓаат во ваша близина! Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем!, наведуваат во соопштението.

Би можело да ве интересира

МЕПСО: Компанијата во континуитет е предмет на неосновани напади од ВМРО-ДПМНЕ, партијата веднаш да се извини

Ана Ололовска

Почна изградбата на далекуводот за поврзување на електропреносните системи на Македонија и на Албанија

Рамадани: Побаравме скоро двојно зголемување на цената за пренос на струјата

Финасиска полиција: Кривична пријава за поранешна членка на Управниот одбор на МЕПСО

Катерина Павлова-Николовска

Бочварски: Нема судир на интереси при изборот на директорот на МЕПСО

Катерина Павлова-Николовска

МЕПСО: Прекините во напојувањето се поради неможноста да бидат ангажирани хидроелектраните

Катерина Павлова-Николовска