МЕПСО: Милевски да дојде, да ги најде и да седне во фотелјите од бизон

Од:

Пратеникот Горан Милевски денеска го злоупотреби моментот за презентација на Извештајот на ЕЕЗ и тенденциозно и крајно некоректно пласира дезинформација дека МЕПСО купува фотелји од кожа од бизон, реагира попладнево компанијата.

-Го покануваме да дојде во МЕПСО да ги најде и да седне во тие фотелји. Во таа прилика ќе му биде објаснето дека МЕПСО во својот дел од реформите во електроенергетскиот систем целосно со поддршка од ресорниот владин кабинет и од акционерот Министерството за транспорт и врски ги спровел сите задачи од реформскиот пакет и дека активно, во својот сегмент на работење, се подготвува за имплементација на пазарот за балансна енергија, наведува МЕПСО во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

МЕПСО: Се соочуваме со кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Горан Наумовски

МЕПСО и Регулаторна потпишаа меморандум за спојување на пазарите на струја со Косово, Албанија и Грција

Орце Костов

Ковачевски: Ако Грците сакаат да купат дел во МЕПСО, ние сакаме да купиме дел од солунското пристаниште

Катерина Ѓуровски

Птица направи испад во РЕК Битола

Катерина Ѓуровски