МЕПСО ќе потроши 80 илјади евра за авторски услуги

Од:

Операторот на електропреносниот систем, АД МЕПСО, склучи двегодишен договор со авторска агенција од Скопје за посредување и ангажирање автори и консултанти, покажуваат податоците од  електронскиот сисем за јавни набавки. Понудувачот кој е избран на овој оглас, Друштвото за интелектуална сосптвеност, Берин доставило најниска понуда.

Износот е 4.920.000 денари без вкучен ДДВ или приближно 80 илјади евра. Вкупната вредност го вклучува бруто износот на ангажираните извршители со сите вклучени надоместоци, даноци и провизија.

Авторската агенција треба да изработува авторски договори, договори на дело, фактури за исплата на авторски хонорари и договори… Провизијата е 1,2% од бруто износот на авторскиот т.е. консултантскиот хонорар. Договорот за АД МЕПСО го потпишал разрешениот директор Сашо Василевски.

Ист договор во 2017 година бил склучен но на пониска сума со друга авторска агенција, но за сума од 64 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

МЕПСО: Се соочуваме со кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Горан Наумовски

МЕПСО и Регулаторна потпишаа меморандум за спојување на пазарите на струја со Косово, Албанија и Грција

Орце Костов

Ковачевски: Ако Грците сакаат да купат дел во МЕПСО, ние сакаме да купиме дел од солунското пристаниште

Катерина Ѓуровски

Птица направи испад во РЕК Битола

Катерина Ѓуровски