А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МЕПСО доби признане од Општина Крушево

by А1он06/09/2013 - 15:16188
Share0

Општина Крушево му додели на А.Д. МЕПСО највисоко признание за особени заслуги за афирмација и поддршка на развојот, за донацијата од 1,29 милиони евра, за модернизација на скијачкиот центар „Крушево“.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчевски денеска му ја додели плакетата „8 Септември“ на генералниот директор на МЕПСО Синиша Спасов на свечената седница на Советот на општина Крушево што се одржа по повод Денот на независноста на Република Македонија и денот на ослободување на градот Крушево.

– Со гордост ќе кажам дека скијачкиот центар „Крушево“ ќе биде една од топ зимски дестинациите во Република Македонија. Проектот е во финална фаза на реализација и се планира новата опрема за создавање вештачки снег и осветлувањето на патеките да бидат во функција во претстојната скијачка сезона, истакна Спасов во обраќањето пред советниците на општина Крушево.

Проектот е дел од Програмата за општествена одговорност на А.Д. МЕПСО за финансирање проекти од јавен интерес, одобрена и поддржана од Владата. Станува збор за донација во вредност од 79,6 милиони денари наменети за збогатување на содржините и туристичката понуда на скијачкиот центар „Крушево“. Во рамки на проектот е вклучена изградба на акумулација за вода од која ќе се произведува вештачки снег, инсталација на систем од топови за производство на снег на две скијачки патеки во центарот.

Воедно е предвидено комплетно осветлување на две скијачки патеки и нивна адаптација за ноќно скијање и изградба на парк за сноубординг во кој ќе бидат поставени монтажни рампи и елементи за акробатски сноуборд. За потребите на ски центарот „Крушево“ се набавени возило за уредување на снегот на ски-патеките (т.н. ратрак) и моторна санка за потребите на службата за спасување и персоналот на ски центарот „Крушево“.Изведувач на работите е фирмата „Енерго систем“.

– Новата инфраструктура ќе ја збогати понудата на скијачкиот центар „Крушево“ со воведување ноќно скијање и скијање во сноуборд паркот на една од двете патеки. Инсталацијата на системот за вештачки снег ќе ја направи скијачката сезона подолготрајна што ќе придонесе за рентабилното работење на овој скијачки комплекс. Овој проект има пошироко значење за економски раст на Крушево град кој и сега има познатлив имиџ на скијачки центар. Сите овие процеси за збогатување на понудата, за продолжување на скијачката сезона се очекува да овозможат отворање нови работни места во туристичката понуда на ски центарот „Крушево“, стои во соопштението од АД МЕПСО.

energetika

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

Горан Наумовски03/05/2025 - 09:10

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Горан Наумовски28/04/2025 - 10:50

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

Горан Наумовски16/04/2025 - 12:14

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on22/02/2024 - 10:51

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог Закон за енергетика

Горан Наумовски29/09/2022 - 11:07

За евтина струја додека трае вонредната состојба регулаторите очекуваат анализи од енергетските компании

Маја Илиевска-Пачемска24/03/2020 - 19:3824/03/2020 - 19:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен