Претседателот на ДПА Мендух Тачи на митингот во општинскиот центар во Боговиње им порача на граѓаните да зборуваат отворено со своите пријатели и соседи за тие да го подржат кандидатите на ДПА за општина Боговиње.
„Јас сум горд што во општина Боговиње имаме вакви професионални кандидати со голем интелектуален капацитет кои ќе го ослободат народот од лажните ослободувачи од ДУИ. Нашата кауза не е иста со онаа на Ромите, Турците, Бошњаците и Србите што се во коалиција со ДУИ. Тие се наоѓаат во незавидна состојба и за да го избегнат поразот соработуваат со било кој, но јас ќе им порачам дека не можат да го избегнат поразот што ќе им го нанесе народот“, изјави Мендух Тачу – Претседател на ДПА.
Локалната власт е на погрешен пат зашто нема ништо направено за доброто на жителите на општина Боговиње. Луѓето имаат егзистенцијални проблеми па поради тоа одат во емиграција. Немаат ниту основни услови за живеење како патишта, училишта, но и други проблеми кои со години ги мачат, рече во својот говор кандидатот на ДПА за градоначалник Бурхан Изаири.
„Сегашниот градоначалник не ги согледува вистинските состојби. Откако јас ќе станам градоначалник ќе го елиминираме бандитското однесување на локалната власт. Ако долгот на општината во 2012 беше околу еден милион евра, тој е сега многу поголем. Со транспарентно работење, ефикасно менаџирање и со чест ние ќе ја извлечеме општина Боговиње од оваа катастрофална состојба зашто ние сме поинакви и со бел образ“, рече Бурхан Изаири – Кандидат за градоначалник на о. Боговиње од ДПА.
Пред присутните на митингот на ДПА во Боговиње зборуваше и носителот на советничката листа за оваа општина во тетовско, Сулејмн Фетаху.