Мемов за употребата на албанското знаме кај Меџити: Координација може да има, меѓутоа да не се сфати како провокација

Од:

Координативните состаноци не се ништо – ниту ново, ниту пак измислена работа. Кога се работи за официјални седници јасен е Законот за употреба на јазиците и знамињата. Она што ние сакаме да го потенцираме е начинот на кој се прави тоа, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија, Никола Мемов по однос на употребата и на албанското знаме на координацијата на првиот вицепремиер Изет Меџити со министрите од неговата коалиција.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе излезат од Влада доколку се повтори истата постапка, Мемов истакна дека тие се процеси и ќе бидат иницирани во рамките на владината коалиција. Нагласи дека не го споруваат тоа дека може да има координација на министри, политичари во Владата и Собранието, меѓутоа, како што посочи, тоа да не се сфати како провокација.

-Значи, во јавноста се создаде перцепција од тој настан, значи не го спориме дека може да има координација на министри, на политичари и во Владата и во Собранието и на сите други места, меѓутоа да не се сфати како провокација и за тоа овие се процеси на кои Движењето ЗНАМ ќе укажува во рамките на владината коалиција и тие процеси се можеби малку спори, меѓутоа работните навики ќе се менуваат. За тоа е ЗНАМ во Владата. Ќе бидеме коректив дека работите веќе никогаш нема да бидат исти, рече тој.

Мемов објасни дека одговорот околу употребата на албанското знаме се состои од три точки.

-Под број еден, преговорите со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ за влез на ЗНАМ во Владата. При преговорите прифатена е политичката платформа на ЗНАМ, стратешките определби, политички начела, како и конкретните програмски определби на движењето ЗНАМ за наша Македонија и тие се составен дел на владината програма. Под број два, прифатени и усогласени се принципите и начинот на функционирање на идната влада врз рамноправни автономни партнерски односи со заемна одговорност во делот на имплементација на владината Програма. Под број три, ЗНАМ ќе биде гарантот дека никогаш повеќе нема да може никој да го уценува со непристојни предлози поголемиот партнер во власта, односно Владата и коишто ќе одат на штета на македонските национални и државни интереси. ЗНАМ ќе биде коректив во Владата и како во случајот со заклетвата на претседателот на Собранието ќе реагира и во сите други случаи кога ќе има нарушување на одредбите на Законот за употреба на јазиците и знамињата на етничките заедници, истакна портпаролот на ЗНАМ.

Мемов ги покани медиумите да бидат нивен партнер во тие процеси.

-Секако, тие прашања се континуирани и конзистентни и процесите ќе траат. За тоа и медиумите би требало да бидат составен дел во креирањето на политичката атмосфера во Македонија и за тоа ве поканувате да бидете и вие наш партнер во тие процеси, рече Мемов.

На 28 јуни, првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити соопшти дека почнува пракса на редовна координација со министрите, замениците-министри и другите избрани и именувани кадри на коалицијата. На координацијата, покрај македонското знаме и знамето на ЕУ, стоеше и албанското знаме.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ

Првиот вицепремиер Меџити ќе држи координации со министрите од ВРЕДИ

Мицкоски ќе го добие мандатот, за да формира влада треба во Собрание да помине реорганизацијата на министерствата

Катерина Ѓуровски

Снопче: ВЛЕН очекува да има 80 пратеници кои ги ги поддржат измените за реогранизација на министерствата

Лога: 2/3 за Програмата на ВМРО, но не и за уставните измени

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Добро е што Европскиот фронт сфати дека е опозиција, достоинствено ќе ги претставуваме сите Албанци

Катерина Ѓуровски