Мемов: Дали Газменд Максимовски кандидат за советник од СДСМ, добил бесправно одобрение за градба на улица Самоилова?

Од:

Како што најавивме, продолжуваме со серија на прес-конференции на кои ќе ја покажеме вистинската слика на градоначалникот на СДСМ од Центар, Горан Герасимовски, човекот кој сака да се претстави како чесен, скромен, невин и наивен градоначалник, а зад себе остави хаос, безредие и дивоградби. Ако вчера зборувавме за училиштата и небезбедните услови за нашите деца, денес зборуваме за уште еден скандал: советничка листа со кандидати за советници од СДСМ кои влегуваат во политика за да си ги спасат сопствените дивоградби, изјави Никола Мемов од ЗНАМ.

– Ова е второто лице на Герасимовски – лицето на човек кој е спремен да ги гази законите, да ги злоупотребува институциите и да ја претвори општината во сервис за партиски и лични интереси. Во неговиот мандат дивоградбите не беа искоренети,тие се умножија. И најстрашно од сè, врзани се со луѓе блиски до неговата партија, СДСМ. Наместо да биде пример, општината стана најголем прекршител на законот.

Го прашуваме градоначалникот на ма Центар од СДСМ, Герасимовски:

• Дали Газменд Максимовски, вработен во Општина Центар со договор за дело и воедно кандидат за советник од СДСМ, добил бесправно одобрение за градба на ул. Самоилова?

• Дали тоа е истиот Герасимовски кој пред јавноста бараше измени на Законот за градење и заплена на дивоградбите, а зад кулиси му овозможувал на свој човек бесправно да гради?

• Дали тоа не е најјасен доказ дека сите негови настапи беа само евтин пи-ар, театар за јавноста и голема измама за граѓаните на Општина Центар?

Додека секој граѓанин мора да ги почитува процедурите, да поднесува документи, да чека дозволи и да плаќа општински давачки, луѓето на СДСМ имаат привилегии. Тие се изземени од законот, тие можат да градат како сакаат, затоа што имаат зелено светло од Герасимовски. Ова не е само лицемерие. Ова е скандал, ова е злоупотреба, ова е понижување на сите чесни граѓани во Центар.

Горан Герасимовски не само што не се избори против дивоградбите – тој стана нивен заштитник! Не само што не ја врати законитоста – тој ја погази! Не само што не ја штитеше општината – тој ја претвори во партиски штаб на СДСМ! Ова мора да престане! На 19 октомври граѓаните ќе стават крај на ова лицемерие и ќе му ја покажат вратата на Герасимовски и на целата негова екипа! Граѓаните ЗНААТ, и Центар ЗНАЕ, рече Мемов.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: На Центар му треба вистински центарец

А1он

ЗНАМ: Куманово – град каде квалитетното образование е право, а не привилегија

Лабудовиќ: Центар мора да биде чист – во првите 100 дена ќе ја вратиме хигиената, редот и достоинството на општината

Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

ЗНАМ: Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси

Куманово се развива во уреден и функционален град, изјави Ѓорѓиевска