Меморијален турнир во мал фудбал „Македонски херои“

Од:

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје гденеска беше отворен меморијалниот турнир во мал фудбал „Македонски херои“, што се одржува во чест на загинатите бранители од 2001 и 2015 година. Учествуваат 12 екипи, кои своето учество го обезбедија преку локалните турнири низ општините во Република Македонија.

Турнирот е под покровителство на Министерството за внатрешни работи и го отвори министерот Оливер Спасовски, кој истакна дека со него уште еднаш им се оддава почит на нашите херои кои, како што рече, во моментите кога беше најтешко застанаа на браникот на татковината и го дадоа животот за својата држава.

– Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи и јас како министер секогаш ќе бидеме тука за да им помогнеме на семејствата на овие големи луѓе. Особено затоа што сме свесни за фактот дека овие семејства се соочуваат со сериозни животни проблеми, какви што се невработеноста и беспарицата и покрај фактот што сите ние сме практично нивни должници.

Институциите мора да ја прекинат праксата на декларативно и пропагандистичко злоупотребување на нивните судбини и суштински да им помогнат на овие семејства, рече Спасовски.

Посочи дека некои од овие семејства се уште водат судски спорови и, како што рече, наместо судски покани треба да им се даде почит и благодарност. 

На отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал „Македонски херои“ присуствуваше и дополнителниот заменик министер Оливер Андонов, кој рече дека оваа спортска манифестација претставува наш длабок поклон кон херојското дело и саможртвата на припадниците на македонските безбедносни сили.

Како што соопшти МВР, Андонов истакна дека е крајно време „да го отфрлиме духот на поделбите, нетрпеливоста и омразата кон политичкиот противник и, конечно, да се помириме и да се сплотиме околу државниот интерес. Оттука, жртвата на припадниците на безбедносните сили во чија чест е денешниот турнир – нека биде влог кон иднината и помирувањето на Македонија“.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа