Меморандум за соработка на Макадонскиот полициски синдикат со Меѓународната полициска асоцијација

Од:

Македонскиот полициски синдикат (МПС) викендов во Охрид потпиша Меморандум за соработка со Меѓународната полициска асоцијација (ИПА). Станува збор за документ што предвидува интензивна соработката помеѓу полицискиот синдикат и меѓународното полициско здружение базирана врз принципите на искрена и колегијална соработка, неполитичка и стручна соработка, меѓусебна солидарност, поддршка и меѓусебно почитување и почитување на членството.

Меморандумот предвидува и организирање стручни заеднички семинари, работилници, спортски, културни, промотивни и други настани, со цел јакнење на професионалните вештини на полициските службеници, јакнење на колегионалноста и градење на меѓусебниот углед на домашно и меѓународно ниво. Предвидени се и други форми на меѓусебна професионална соработка.

Меморандумот за соработка го парафираа Златко Цветковски, генерален секретар на Македонскиот полициски синдикат и Игно Стојков , координатор за активности на ИПА со МПС и претседател на ИПА регион Скопје.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби