Меморандум за соработка меѓу Општина Центар и Стоматолошкиот факултет: Здрави навики кај децата од најмала возраст

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и деканот на Стоматолошкиот факултет при УКИМ, проф. д-р Ќиро Ивановски денеска потпишаа меморандум за соработка за заедничките активности на двете институции во градинките и основните училишта.

-Ми претставува чест што со овој меморандум ќе ја засилиме и унапредиме соработката со Стоматолошкиот факултет, особено во делот на здравите животни навики на нашите најмали жители. Здравата исхрана и редовното и правилно четкање на забите уште од најмала возраст на децата ќе им ги постави основите за здравиот начин на живот, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека овој меморандум за соработка е дел од заедничките активности на Општина Центар и Стоматолошкиот факултет, кои досега одржале неколку онлајн работилници со децата и воспитно-наставниот кадар во детски градинки и основни училишта.

-Ова е прва ваква активност што ја спроведуваме со Општина Центар и прекрасна можност за децата да научат повеќе околу здравите навики и здравиот живот. Ќе почекаме да заврши пандемијата и поактивно да се вклучиме во реализација на активностите. Им благодарам на Општина Центар и на градоначалникот Богдановиќ за нивното несебично вложување во оваа наша заедничка соработка, порача деканот на Стоматолошкиот факултет, проф. д-р Ивановски.

Градоначалникот Богдановиќ се заблагодари на целиот тим, вклучен во подготовката на заедничките активности и порача денешниот чин да биде повод за уште поцврста и поактивна соработка меѓу двете институции.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата