Мемети: Зголемен бројот на поплаки за вознемирување на работното место

Од:

Оваа година има енормно зголемување од над 50 отсто на бројот на поплаки за дискриминација или поточно за вознемирување на работното место, поради разни основи. Граѓаните и годинава најмногу се жалеле на работата на судската власт, вели народниот правобранител Иџет Мемети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Често пати судството и потрошувачките услуги си ги менувале местата. Годинава, 2019, се карактеризира како година во која граѓаните највеќе се жалат на работата на судската власт, но тука се и другите области, како детските права, социјалата, понатака работните односи, дискриминацијата. Многу интересно е дека оваа година, енормно, над 50 проценти е зголемен бројот на поплаки за дискриминација или поточно за вознемирување на работното место, поради разни основи. Ние како институција тешко доаѓаме да го истражиме случајот и тешко имаме ефект. Од некаде 12 констатирани такви повреди, само во три се прифатени нашите препораки, додека во осум други ни преостанува да ги упатуваме граѓаните да бараат судска заштита. Како да нема видлив напредок во споредба со 2018 година и покрај тоа што по однос на општите препораки имаме поголема прифатеност кај индивидуалните препораки како да стагнира прифатеноста, истакнува Мемети.

Тој додава дека најмногу претставки добиваат за одолговлекување на судските постапки.

-Оваа година имаме четири постапки каде што делуваме како пријател на судот. Тоа е многу интересна надлежност што ја доби институцијата Народен правобранител која е голем предизвик, многу треба да соработуваме со судската власт, затоа што имаме големи проблеми, тие не нè прифаќаат. Едноставно не сакаат да ја прифатат институцијата како пријател на судот, тие забораваат дека ние не ја повредуваме нивната самостојност, нивната независност, ние им помагаме на нив, на полесен и поквалитетен начин да донесуваат судски одлуки, со тоа што нашите докази што ги имаме или нашите мислења што ги имаме по однос на одредени работи им ги даваме на нив, додава народниот правобранител.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО