Мемети со осуда за случувањата во Собранието

Од:

Народниот правобранител Иџет Мемети најостро ги осудува вчерашните случувања и упадот во Собранието на Република Македонија, насилството врз пратениците и новинарските екипи. Истовремено го критикува непрофесионалното и селективно постапување на Министерството за внатрешни работи.

– Примената на двојни аршини во работата на овој орган, ги потврди констатациите на Народниот правобранител за длабоката партизираност на ова Министерство, што е за секаква осуда. Народниот правобранител ја критикува инертноста на полициските службеници кои видно од вчерашните снимки, иако беа присутни не реагираа, и дозволија насилство, а новинарите беа попречени во вршење на својата работа и беше повредена слободата на медиумите, се наведува во соопштението.

Според Мемети насилството не е метод за решавање на недоразбирањата и несогласувањата каде било, а особено не во Собранието. – Недозволиво е органот чија основа надлежност е обезбедување на сигурноста на граѓаните да направи сериозни пропусти, со што ги загрози животите на присутните во Собранието на РМ, додава тој.

Народниот правобранител повикува Министерството за внатрешни работи да се воздигне над партиските интереси и на ефикасен и професионален начин да ја извршува својата функција во најдобар интерес на граѓаните.

Народниот правобранител повикува на разум и апелира сите чинители, особено лидерите на политичките партии да се одважат и на јасен и недвосмилен начин да го осудат и да се дистанцираат од насилство и самовоиле, со што истовремено ќе овозможат формирање на институциите без насилство, а во интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители