Мемети: Правото на штрајк е загарантирано но треба и правила на однесување

Од:

Народниот правобранител Иџет Мемети  вели дека уставно е загарантирано   правото на штрајк на  секој граѓанин, но потенцира,   сепак треба да се има правила на однесување. Ова е реакцијата  на мемети во врска со штрајкот во здравството.

„Никој неможе да го оспори правото на штрајк на граѓаните или на вработените  без разлика за која област се работи, но со закон е предвидено дека треба да се запази минимумот за непречено остварување на правата од здравствена заштита на пациентите“, вели Мемети.

Пред да даде конкретен одговор со став  кој е во право а кој не во оваа ситуација, Народниот правобранител сака  сериозно да ги разгледа сите аспекти од овој штрајк и на крај да се  извлече заклучок кој ќе биде меродавен.

Би можело да ве интересира

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител

Народен правобранител одбележа 25 години од основањето на институцијата

Протест на вработените во Народниот правобранител – незадоволни од платите и статусот кој го имаат како службеници

Вработените во Народното правобранителство најавуваат протест за следната недела

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар