Мехмети Деваја и Поповска против Законот за абортус

Од:

Спротивставени мислења за Законот за прекин на бременоста. На јавната расправа, организирана од Комисијата за здравство, пратеничките од владиното мнозинство, Ермира Мехмети Деваја и Лилјана Поповска се против предлогот на министерот Тодоров.

„Мој впечаток е дека вистинската причина за носењето на тој закон не е заштитата на здравјето на жената, туку напротив, на тоа се гледа како на некој вид на интервентна мерка во демографските политики на најголемата партија на власт и од тие причини мислам дека законот носи во себе доста контровезии“, рече Мехмети Деваја.

Нејзиниот глас не е сигурен при гласањето.

Според Лилјана Поповска законот ги допира основните права на жената и како таков не смее да биде донесен.

„Најсериозната пречка за овој закон да се донесе во оваа форма е во членот 10, каде што се предвидува бремената жена заедно со својот брачен другар да оди на првостепена комисија. Ова е директно ограничување на правата и слободите на жените самите да одлучуваат за своето тело“, вели Поповска .

На јавната расправа професорот Славејко Сапунов изјави дека жената која што доаѓа да изврши абортус е клиентка, а не пациентка.

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Индискиот Врховен суд: Сите жени имаат право на абортус

А1он

Абортусот забранет во уште три американски држави

Горан Наумовски