„Да бев премиер и да добиев ваков извештај од Европската комисија, ќе си дадев оставка“, пратеничката Ермира Мехмети од ДУИ, вака денеска го почна своето излагање на дебатата во организација на Фондација Отворено општество – Македонија и МЦЕО, насловена како „Има ли излез од безизлезот“, посветена на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.
Според Мехмети неколкуте оставки дадени од високи функционери во овој период значат само делумна одговорност за корупцијата и другите злоупотреби што можеа да се слушнат во прислкушкуваните разговори кои ги објави опозицијата.
– Ние ќе одиме на избори само со формални реформи доколку специјалното обвинителство во април не ги повика на одговорност сите вршители на јавни функции кои ги злоупотребија нивните положби, Се додека сите не се соочат со одговорност, ние ќе имаме само делумна одговорност, Потребно е во периодот до изборите да се соочат со правдата и да одговораат сите сите што беа споменати во бомбите. рече таа.
Според Мехмети, извештајот го содржи најнедипломатскиот јазик досега, во смисла на адресирање на слабостите и отворени директни критики до Владата.
– Тоа е извештај кој всусшност не нотира прогрес, но за да бидам умерена, во изјавите би рекла дека ја нотира стагнацијата на државата. Во многу сфери нотира и регрес во реформите. Јас верувам дека сите слабости што ги изнесе извештајот треба да послужат како патоказ за надлежностите и задачите на идната техничка влада. Во предизборниот период има можност за корекција, но сето тоа ќе зависи од политичката волја, рече Мехмети.
А.Б.