Мехмедовиќ: Прифатив да бидам лице што ќе го сноси најтешкиот дел од Комисијата, да комуницирам со новинарите

Од:

Одлуките на Комисијата за заразни болести пред јавноста ќе ги претставува лекарот Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом Скопје кој од денес е официјален портпарол на ова советодавно тело формирано од министерот за здравство. Мехмедовиќ, по денешниот прв состанок на проширената Комисија рече дека ќе го носи најтешкиот дел.

„Надградувањето на Комисијата е во насока на тоа да се подобри квалитетот и да се подобри комуникацијата што ја имаме со граѓаните пред сè, за да може да имаме сериозни образложенија кои ќе одат во насока на тоа да нема повеќе забуни во однос на препораките што се носат од Комисијата за заразни болести. Во насока на тоа, на покана од министерот за здравство, прифатив да бидам лице кое што, еве, ќе го сноси најтешкиот дел од оваа Комисија за заразни болести, а тоа е да комуницира со вас новинарите и да пренесеме една слика како се носат препораките и што значат тие за граѓаните“, рече Мемедовиќ.

Тој очекува членовите на Комисијата да имаат различни мислења, а при носењето на одлуките нема да се оди на едногласност туку ќе се знае точно кој какво мислење имал.

Мехмедовиќ извести дека на денешната седница членовите утврдиле дека засега нема услови за укинување на сертификатите оти трансмисијата е на високо ниво, а состојбата дополнително ја отежнуваат зимските месеци со сезонски настинки и грипови. Тој смета дека ако сега се укинат сертификатите тоа дополнително ќе го оптовари здравствениот систем и рече дека оваа мерка, која е контрапродуктивна, нема да се разгледува додека состојбата е како што е во моментов.

Проширената Комисија за заразни болести ќе се состанува еднаш неделно, а доколку има потреба и почесто. Нејзин претседател од денес е Александар Петличковски, актуелен директор на Институтот за имунобиологија, а досегашниот директор Жарко Караџовски останува член.

Би можело да ве интересира

Ќе заседава Комисијата за заразни болести, се очекуваат детали околу забраната за невакцинирани деца во градинките

Засилени инспекции во скопските градинки да се види која од нив прима невакцинирани деца, препорача Комисијата за заразни болести

Орце Костов

Се бара прогласување епидемија на Голема кашлица во Скопје, 18 случаи досега

Анита Петровска Рајковиќ

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Петличковски: Нема потреба од паника, конго кримската треска е присутна кај нас, не е секој крлеж заразен

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов