Механизмот за воведување визи на сила од 2013 година

Од:

Механизмот за суспензија на безвизниот режем за земјите на Западен Блакан ќе стапи на сила кон крајот на оваа или на почетокот на следната година, рече известувачот на Европскиот парламент за визна либерализација Танја Фијон. Според неа, најголем проблем засега задаваат Србија и Македонија, а ситуацијата со БиХ е помалку загрижувачка.

Таа потсети дека експертите за проценка на почитување на безвизниот режим секоја земја индивидуално ќе ја оценуваат.

„Визи ќе бидат воведени само за оние земји за кои ќе биде утврдено дека бројот на баратели на азил се зголемил над лимитот што се оценува како прифатлив“, наведе Фајон.

Според неа, и земјите од Западен Балкан и Европската Унија треба да направат дополнителни напори за да се справат со проблемот.

„Во овој момент немаме заеднички систем за азил на ЕУ. Некои земји ги скратија процедурите за разгледување на барањата за азил за регионот на Западен Балкан. Имајќи предвид дека Западен Балкан е во процес на пристапување во ЕУ, мислиме дека тоа е начинот на кој може да се постапи“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски