Меѓународниот ден на Ромите одбележан во Кичево

Од:

Меѓународниот ден на Ромите-8 Април денеска се одбележа во Кичево, во организација на Здружението на млади сили на ромската заедница во овој град.

– Под мотото „Да чекориме заедно“ на неколку локации во Кичево, со дружење, забава, игра меѓу Ромите и гостите што учествуваа на оваа манифестација, со добро организирана културно–уметничка програма достоинствено го одбележуваме овој голем ден за нас Ромите, изјави Удавер Реџепоски, советник во општина Кичево. Додаде дека манифестацијата е отворена за сите граѓани во општина Кичево.

Манифестацијата почна денеска во попладневните часови со кревање на ромското знаме на јарболот во населбата Бела кула во Кичево, каде се одржа богата културно-уметничка програма. Се одржа и трибина на тема „Како да го подигнеме активизмот кај младите Роми“ и општа веселба во населбата Бела кула, каде живее претежно ромско население.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица