„Меѓународен Сојуз” се одложи по трет пат, Јовановски на болничко лекување

Од:

Судењето за предметот „Меѓународен Сојуз” денеска се одложи по трет пат. Здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, кој моментално е на болничко лекување е причина за одложување на рочиштето.

Судијката Софче Гаврилова-Ефремова посочи дека добиле известување од КПУ-Скопје за обвинетиот Јовановски дека е на болничко лекување.

На почеток на месец септември обвинетиот Јовановски, по силни болки во желудникот неопходно било да му се изврши хируршка интервенција. Според неговата одбрана ова ситуација е како последица од несоодветната исхрана во затворот.

Следното рочиште за овој предмет е закажено за 28 октомври.

Во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Јовановски обвинети се и Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Би можело да ве интересира

Рочиште за „Меѓународен сојуз“, презентирани пораки на Јовановски со Заев

Ана Ололовска

Катастарски парцели презентирани на рочиштето за „Меѓународен Сојуз”

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Немојте да се дерете не сме мали деца: Бојан Јовановски опоменат, судијката останува

Кристијан Ландов

Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз“

Ана Ололовска

Судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува на 25 ноември

Ана Ололовска

Бојан Јовановски бара изземање на судијката Гаврилова Ефремовска поради пристрасност

Ана Ололовска