Меѓународен симпозиум за хередитарен ангиоедем

Од:

Меѓународен симпозиум за хередитарен ангиоедем ќе се одржи денеска на Медицинскиот факултет во Скопје, во организација на Македонското здружение за алергологија и клинички имунологија.

На овој стручен собир за хередитарен ангиоедем, ќе учествуваат еминентни експерти од земјава и странство, меѓу кои проф. д-р Тимоти Крег од американскиот Пен универзитет, проф. д-р Марко Кикарди од Универзитетот во Милано, проф. д-р Анастасиос Герменис од Универзитетот Тесалија во Волос, проф. д-р Авнер Решеф од Универзитетската болница Барзилаи во израелскиот град Ашкелон, проф. д-р Тереза Кабаљеро од Универзитетската болница во Ла Паз, Боливија и проф. д-р Весна Гривчева – Пановска од Медицинскиот факултет.

Хередитарен ангиоедем е заболување од т.н. група на ретки болести кое претставува мутација на генот што го контролира создавањето на крвниот протеин Ц1-инхибитор, поради што се создаваат отоци на телото. Станува збор за заболување кое не можете да се забележи во секојдневието кај лицата, бидејќи нема никакви физички или ментални последици, освен во случај на напад, кој се манифестира со појава на отоци на разни делови на телото, кои може да се појават внатрешно или надворешно. Нападите можат да бидат и животнозагрозувачки доколку се појават во делови на грлото или други органи кадешто може да дојде до затнување на дишните патишта.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните