Меѓународен научен собир за конзулска Битола

Од:

Конзулатот на Република Србија во Република Македонија со седиште во Битола објави повик за учество на меѓународен научен собир на тема „Конзулска Битола и историските, современите и идните културни и уметнички врски меѓу Република Македонија и Република Србија“.

Како што изјави за МИА Силјан Мицевски, почесен конзул на Република Србија во Република Македонија, научниот Собир ќе се одржи во текот на мај годинава, а трудовите до организацискиот одбор треба да пристигнат најдоцна до 1 април.

– Во изминатиот период мошне успешно ги организиравме научните собири на тема „Нушиќ и Македонија“, „Српскиот конзулат и консулска Битола“, „Битола и македонско-српските културни односи и врски“ и „Битола-тема за културно уметничко творештво на автори од Македонија и Србија“. Импресивните впечатоци и одзивот беа поттик и годинава да ги поканиме авторите со свои трудови на собир во Битола, дружење во нашиот град и презентација на најнови истражувања или постигнувања во научната дејност, истакна почесниот конзул Мицевски.

Трудовите презентирани на Собирот ќе бидат објавени во посебен Зборник, информираат од Конзулатот на Република Србија во Република Македонија со седиште во Битола.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ