Меѓународен натпревар по механотроника „Балкан јуниор 2019“ викендов во Охрид

Од:

Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ е домаќин на седмиот по ред Меѓународен натпревар од областа на електротехниката и механотрониката што викедов ќе се одржува во Охрид.

На натпреварот „Балкан јуниор 2019“ учествуваат екипи со уеници и ментори на технички училишта од сите држави на поранешната заедничка југословенска заедница, како и од Турција и од Романија.

Директорот на ЕМУЦ „Св Наум Охридски“ Сашо Недески за МИА појасни дека самото натпреварување ќе биде од областа на механотрониката, а ќе се состои од два дела – демонстрација на знаења и вештини во практичен и теоретски дел.

– Учениците во теоретскиот дел ќе одговараат на 30 случајно одбрани прашања од областа, додека практичниот дел се состои во изработка на гравирана плочка за подвижна врата. Учениците ќе треба да ја изработат подвижната врата, а ќе се оценува брзината, како и прецизноста на изработката на самата гравура, рече Недески.

Резултатите од двете категории се сумираат по што ќе бидат прогласени победниците.

Самото натпреварување „Балкан јуниор“ е осмислено со цел поврзување на стручните училишта од областа на машинството и електротехниката од регионот, преку размена на искуства, промовирање на меѓукултурна соработка и запознавање со образовните искуства и животот во државите од соседството. Имепративи на проектот се унапредувањето на знаењето, подигнување на нивото на знаења и компетенции на учениците и наставниците во средните стручни школи, како и потикнување на нивната креативност.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски