По повод 1 јуни, Меѓународниот ден за заштита на детето, денеска во Градскиот трговски центар во Скопје ќе се одржи Меѓународниот добротворен базар 2014.
Базарот, четврта година по ред, го организираат „Добредојде“ – Macedonia welcome center (DMWC) заедно со странските амбасади во Македонија и македонската бизнис заедница.
Средствата од базарот се наменети за Посебното основно училиште „Златан Сремац“. Минатата година беа донирани во Центарот за даунов синдром, а манифестацијата во 2012 година беше посветена на Посебното основно училиште „Иднина“.
Почесен претседател на годинашниот Базар е амбасадорот на Србија, Душанка Дивјак-Томиќ.