Меѓународен ден за заштита на децата

Од:

Првиот ден од јуни во многу земји се прославува како Меѓународен ден за заштита на децата. Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.

Правата на децата во Македонија се остваруваат согласно Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации и законска регулатива во Република Македонија.

На 1-ви јуни – Денот на детето први почнале да го одбележуваат државите како Русија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Естонија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Латвија, Литванија, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан, Украина, Узбекистан, други поранешни или сегашните комунистички држави, Албанија, Ангола, Бенин, Босна и Херцеговина, Бугарија, Камбоџа, Хрватска, Куба, Чешка, Словачка, Етиопија, Германија, Косово, Лаос, Република Македонија, Монголија, Црна Гора, Мозамбик, Полска, Романија, Србија, Словенија, Танзанија и Јемен. Подоцна уште неколку држави се приклучуваат кон одбележувањето на овој ден токму на 1 јуни.

Генералното собрание на ОН препорачува дека сите земји треба да воспостават Универзален ден на детето. Оттаму укажуваат најголемо внимание да се посветува во заштитата на децата кои работат долги часови во опасни околности, како и да им се овозможи на сите деца да имаат пристап до образованието.

Би можело да ве интересира

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ