Меѓународeн ден за подигнување на свеста за предозирање од дроги

Од:

Да се подигне свеста за предозирање и да се намали стигмата поврзана со смртноста поради употреба на дроги, особено за ужалените поради загубата на член од семејството или пријател. Ова е пораката упатена по повод 31 август, Меѓународниот ден за подигнување на свеста за предозирање од дроги.

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје соопшти дека според последниот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал од 2013 година, глобално меѓу 102.000 и 247.000 луѓе умреле од предозирање во 2011 година. На овој ден, наведуваат од Здружението, се сеќаваме на оние кои се сретнале со смрт или добиле трајна повреда како резултат на предозирање од дрога, а исто така, се пренесува порака дека трагедијата од предозирањето од дроги може да се превенира.

Се проценува дека повеќе од 70.000 животи се загубени поради предозирање од дроги во Европа во првата декада од 21 век. EУ известува за 6.500 смртни случаи поради предозирање од дроги, се потврдува во извештајот на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависност од дроги.

Според истражувањето на Евроазиската мрежа за намалување на штети, во регионот на Источна Европа и Централна Азија, во кој регион спаѓа и Република Македонија проценето е дека околу 3.274.000 лица инјектираат дроги, а најмалку две третини од корисниците известиле дека се случило да бидат предозирани, додека четири од 100 случаи завршиле фатално. Во многу земји од овој регион корисниците се плашат да повикаат итна медицинска помош при случаи на предозирање од дроги.

Од ХОПС наведуваат дека опијатното предозирање се уште претставува значителна закана за здравјето и животите на лицата што употребуваат опијати. ХОПС во 2013 година спроведе истражување за проценка на постоечката ситуација со која ќе ја помогне иницијативата за изнаоѓање системско решение за намалување на штетите од опијатното предозирање, со што би се заштитиле здравјето, животите и благосостојбата на населението.

Само во Скопје, Службата за Итна медицинска помош и домашна посета при Здравствен дом-Скопје и Клиниката за токсикологија во периодот од 2009 до 2012 година имале 865 интервенции при случаи на опијатно предозирање, посочуваат од ХОПС.

Од Здружението препорачуваат да се воведе современ и ефикасен систем за евидентирање на случаите на опијатно предозирање кој ќе овозможи соодветно следење, анализа и планирање идни интервенции, налоксонот како ефтин и безбеден лек да биде широко достапен во службите за Итна медицинска помош и домашна посета, аптеките, надлежните одделенија во болниците и центрите за третман на зависности, да се изнајдат решенија за дистрибуција на налоксонот до корисниците на дроги преку програмите за намалување на штети спроведувани од страна на здруженијата на граѓани кои работат на ова поле, а сите засегнати страни активно да работат на намалување на стигмата и дискриминацијата кон корисниците на дроги и нивните семејства.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски