Во Македонската филхармонија вечер ќе се одржи комеморативна церемонија по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, чии домаќини ќе бидат министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и амбасадорката на Сојузна Република Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер.
На церемонијата, како што соопшти МНР, покрај министерот Никола Димитров, обраќања ќе имаат и претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ, амбасадорот во австриското МНР и специјален претставник на Австрија во Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА), Томас Мајкл Бајер и амбасадорот на Италија во Република Македонија, во име на тековното италијанско претседателство со ИХРА, Карло Ромео.
По официјалниот дел, ќе следи концерт на дуото Тимна Брауеr и Елиас Меири (клавир и гитара) од Виена, со изведба на еврејски песни.
По повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, 27 јануари, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Сојузана Република Австрија во Македонија, организираат панел дискусија на тема „Борба против антисемитизмот и искривоколчување на холокаустот“.
Првата сесија која се однесува на модерните предизвици на антисенитизмот и искривоколчување на холокаустот, а втората сесија на панелот се однесува на цивилниот активизам и улогата на медиумите во сузбивање на говорот на омраза и злосторство од омраза.
Во рамки на одбележувањето на овој ден Универзитетот Мајка Тереза во Скопје ќе одржи Меморијален состанок посветен на жртвите од Холокаустот.