Меѓународен ден на акушерките: Да се обединиме за да побараме политичко дејствување за родово-рамноправен свет

Од:

Да се акредитираат високи школи за акушерки, Законот за образование да им овозможи нивно академско образование, тие да ја водат клиничката пракса, да се зголеми нивниот број на работните места и да има обука на млади акушерки во лидерски функции, бараат од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.

По повод 5 мај, Меѓународниот ден на акушерките, што се одбележува под мотото „Прослави.Покажи.Мобилизирај.Обедини“, посочуваат дека акушерките и жените имаат уникатна можност да се запознаат и да градат односи засновани врз доверба и реципроцитет во тек на бременоста, раѓањето и постнаталниот период.

– Преку овие односи, акушерките стануваат членови од доверба во семејствата и во заедниците. Треба да го прошириме ова партнерство. Жeните и акушерките мора да се обединат за да побараат политичко дејствување за родово-рамноправен свет. Акушерките играат важна улога во движењето за родова еднаквост: Секојдневно, во секој дел од својата работа ги поддржуваат правата на жените за квалитет и за грижа, потенцираат од Здружението.

Во пораката што ја упатуваат по повод Меѓународниот ден на акушерките велат дека акушерките се клучни за намалување на матерналната и неонаталната смртност и морбидитет и дека креаторите на политики треба да имплементираат промени преку лобирање за адекватни ресурси за акушерките и признавање на нивната уникатна професионална улога.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните