Меѓу осомничените за шпионажа и новинарот Зоран Божиновски, под псевдонимот „Луди Милојко“

Од:

Меѓу осомничените, кој е недостапен за полицијата, е и новинарот Зоран Божиновски кој се водел под името „Луди Милојко“.

Поранешниот директор на Агенцијата за перење пари, Ване Цветанов, според неофицијалните информации се водел под името „Maчор“, објави Пресс 24.

Од осомничените 22 лица во рамки на полициската акција „Шпион“ МВР приведе 17.

-Лицата се сомничат за шпионажа и соработка со странски безбедносни служби на кои им оддавале класифицирани документи со различен степен на доверливост меѓу кои имало и државни тајни, кои не смееле да ги поседуваат, а уште помалку да ги дадат, изјави помошник министерот за односи со јавноста при МВР Иво Котевски.

При претресите пронајдени се и одземени голем број компјутери, оружје, мобилни телефони и соби полни со документи. Полициската истрага траела околу две години, но од МВР велат дека тука случајот не завршува. Осомничените по полицискиот распит ќе бидат изведени пред истражен судија.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби