„Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ се завети се додека не се реши состојбата со аерозагадувањето, ќе ги поддржи сите граѓански иницијативи на мајки, татковци, родители, граѓански здруженија кои се занимаваат и кои се залагаат да се подобри состојбата со краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.
– Нашата поддршка ја имаат. Ќе ја поддржиме иницијативата и во среда, на мајките за да не ги пуштаат децата на училиште.
– Забележуваме дека Министерството за образование е подготвено на нашата вчерашна реакција да одговори соодветно, да не се пуштаат децата во екстремно аерозагадување, да се бојкотира наставата, да се организираат протести, поддржуваме граѓанска непослушност, блокирање на патишта, со цел да се подобри состојбата. Tреба да се прогласи вонредна состојба ако загадувањето е два дена по ред над дозволеното.
Состојбата навистина го погодува здравјето на децата, секое второ дете е погодено од аерозагадувањето. Детска болница Козле е преполна, изјави Драги Змијанац, од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.