Меѓаши: Апел до политичките партии да не ги инволвираат децата во кампањата за парламентарните избори

Од:

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги повикува сите политички партии и нивните членови во предизборниот период да посветат должно внимание на децата и почитувањето на нивните права, особено да не ги инволвираат на каков било начин за време на престојните парламентарни избори.

Политичката злоупотреба на деца и манипулација во интерес на добивање партиски поени со инволвирање деца во медиумски кампањи и политички маркетинг беше пракса на политичките партии и претходно. За жал забележуваме дека истото продолжува. Во Детската амбасада Меѓаши веќе добивме една пријава за политичка злоупотреба на деца во медиумска кампања, во која децата на ним несвојствен начин се претставени како главен мотиватор за политички одлуки кои не ги ни разбираат. Сметаме дека на овој начин преку децата има обид на емотивна основа да се допре до пошироката публика, што за нас е неприфатливо, а нивната улога е од визуелен рекламен карактер, спротивно на суштинските интереси и потреби на децата.

Од досегашното долгогодишно искуство забележуваме дека децата се приоритет на политичките партии само за време на избори, особено во делот на политички кампањи. Од таа причина бараме партиите да го сменат нивниот пристап и децата да им бидат фокус 365 дена во годината и тоа во сферите на подобрување на условите за живеење, образование, здравство, социјални услуги… но не во кампањи каде што се злоупотребуваат како „декор“ и средство за постигнување политички поени. Очекуваме конечно децата да станат интегрален дел од партиските програми, да бидат прашани за нивни мислења при креирањето на програмите и конечно, тоа што го ветуваат да биде исполнето. На ваков начин ќе им се овозможи на децата да бидат активни учесници во креирањето на програмите и активностите од кои тие се директно засегнати.

Со оглед на состојбата со корона вирусот дополнително остро ќе реагираме доколку се забележи присуство на деца на политички собири и митинзи како и за облекување во обележја од одредена политичка партија, користење деца за делење флаери, или лепење постери, сликање или користење детски мотиви, фотографирање со деца или снимање видеа со деца…

Да потсетиме, во 1991 година Собранието на Република Македонија ја донесе Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба. Во истата се вели: Се забранува секаков вид политичка присила и организирање на децата како инструмент за политички притисок и злоупотреба и изложување на нивната физичка сигурност и здравје.

,Децата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководители. Тие се еден народ кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања. Тие се народ кој најмногу страда во воените судири и човековите трагедии. ДЕЦАТА СЕ САМО ДЕЦА.“ (Цитат од Повелбата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија)

Поразително е што не постои суштествен интерес кај политичките партии да направат нешто повеќе од вклучување на децата во политички кампањи.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши во својот Периодичен извештај за застапеноста на детските права во Собранието веќе препорача политичките партии суштински да вградат мерки за подобрување на правата на детето во рамките на нивните политички изборни програми за Предвремените парламентарни избори во 2020 година.

Дополнителни информации за „Периодичен извештај за застапеноста на детските права во работата на македонското Собрание 01 јули – 20 декември 2019 година“ може да најдете на следниот линк:

http://www.childrensembassy.org.mk/content/pdf/Periodicen%20Izvestaj_detskite%20prava%20vo%20Sobranieto.pdf

Според направеното истражување во Собранието генерално се забележува непроменета слика во однос на дискусиите поврзани со детските права повеќе години, што остава јасна слика за тоа како политичките партии и нивните претставници гледаат на децата и нивните интереси. Во предизборието децата се користат за добивање политички поени а по завршувањето на изборите за време на мандатот се прави многу малку во нивен интерес. Тие деца се идни гласачи и треба да сме свесни и одговорни какви пораки им праќаме во процесот на нивниот раст и развој.

Исто така апелираме и до медиумите да не рекламираат политички спотови каде се вклучени деца!

Би можело да ве интересира

Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он