„Меѓаши“: Повредени се правата на децата од градинката „Кочо Рацин“

Од:

Од детската амбасада „Меѓаши“ сметаат дека се повредени правата на децата од првата мала група од градинката „Кочо Рацин“ во Скопје на кои без најава и образложение им била променета воспитувачката од новата в.д. директрорка, без да се земе предвид мислењето на родителите и најдобриот интерес на децата.

Од „Меѓаши“ дадоа поддршка на родителите, кои на заедничка прес-конференција побараа институциите да не го игнорираат случајот и да реагираат во интерес на децата. Родителите истакнаа дека децата биле навикнати на својата воспитувачка и само шт ого завршиле процесот на адаптација.

Тие веќе се обратиле до општина Центар, под чија надлежност е градинката, а од таму добиле одговор дека директорката одлучува за кадровските промени, одговор немало од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Инспекторката од Одделението за заштита на децата во министерството за труд и социјална политика, како што кажа Јована Андоновска еден од родителите, била дрска и рекла дека е важно што децата се згрижени во градинката.

Драги Змијанац, од „Меѓаши“, им препорачува на родителите да се обратат и до Народниот правобранител. Граѓанската организација, вели, ќе ги поддржи сите родители кои се соочуваат со вакви случаи кога се повредени правата на децата.

Дел од родителите во знак на протест не ги носат децата во градинка, а другите кои немаат можност за чување, ги испраќаат своите деца со порака дека ја бараат својата воспитувачка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он